Струјата лани поскапе за 7,4 %, се најавува ново поскапување од 5 %


Струјата лани поскапе за 7,4 отсто. Најавите за можното поскапување на струјата од 1 август предизвикаа многу негативни коментари на социјалните мрежи.

Енергетските компании веќе ги испратиле своите барања за тоа колку тие сметаат дека треба да поскапи нивниот дел од цената на електричната енергија. За нивните барања Регулаторната комисија за енергетика ќе одлучува кон крајот на јуни. Првите пресметки велат дека струјата најверојатно ќе поскапи за 5 %.

Тоа значи дека на сметките од 1.000 денари покачувањето би било за најмногу 50 денари.

„Компаниите веќе ги доставија своите барања, но тие допрва ќе се разгледуваат. МЕПСО побарал зголемување на цената за пренос од 143 отсто, Националниот енергетски маркет оператор за организирање и управување на пазарот на електрична енергија побарал зголемување за 45 отсто, а Електродистрибуција зголемување за 0,95 отсто на цената за дистрибуција на електрична енергија“, велат од Регулаторна комисија за енергетика.

МЕПСО побарале да добијат зголемување на нивниот удел од 140 отсто или тие годинава добиваа 3,5 отсто од сумата на една сметка или околу 35 денари на сметка од 1.000 денари. Ако регулаторот им го прифати новото барање, би добивале по 80 денари од сметка од 1.000 денари.

Оваа година не очекуваме раст на цените на струјата, изјави премиерот Зоран Заев.

„Оваа година не очекуваме раст на цените на струјата. Имаме соодветни политики за да правиме меко спуштање на либерализацијата, во време кога приватните компании се на слободниот пазар и не го покриваат тој „гап“ што се јавуваше во покритието на цените на домаќинствата, но со соодветни стратегии поставени од државата веруваме дека ќе развиеме одлична стратегија која ќе предизвика огромни инвестиции од милијарди евра во фотонапонски централи за да можеме соодветно да направиме транзиција на енергетскиот сектор“, рече Заев.

Претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија Марјан Ристески, порача да проработи разумот пред да се носи било каква одлука за зголемување на цената на струјата, затоа што илјадници граѓани во корона-кризата остнаа без работа и потсети на времињата кога енергетските компании остварува огромни профити и се луксузираа.

Опозицијата, како и Регулаторната комисија за енергетика смета дека ДДВ за струјата треба да се намали од 18 на 5 %.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи