Почитувани родители! Идни средношколци! Ви ги претставуваме нашите профили за Упис во I (прва) година во СОУ „Орде Чопела“ – Прилеп !
Како новина оваа година во СОУ „Орде Чопела“ Прилеп отвораме 2 дуални паралелки:
- Прехранбен трехничар во соработка со Млекара Мики , Стара фурна, Дониа.
- Агротехничар во соработка со Тутунски комбинат, Агроинвест и Институт за тутун со зголемен обем на практична обука.
Учениците во дуална паралелка ќе добиваат месечен износ од 3.500 денари за 9 месеци во годината.
Учениците од Земјоделско-ветеринарна и Градежно-геодетска струка ќе добиваат месечен износ од 2.200 денари за 9 месеци во годината.
Отвораме паралелка од Здравствена струка : Медицинско лабораториски санитарен техничар.
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни:
- од 14ти до 17ти јуни,
- од 23ти до 25ти јуни,
- на 30 јуни 2021 година.
Ве очекуваме да бидете дел од нашиот тим !
#УчиПаметноРаботиСтручно е проект кој носи повеќе бенефити за младите и економијата во земјата. Ја намалува младинската невработеност, обезбедува квалификуван кадар за компаниите и го намалува јазот помеѓу побарувачката и понудата на пазарот на труд. Од оваа година со конкретна поддршка за учениците и подобри услови за нив се развива средното стручно образование. Дуалното образование нуди одлична можност во процесот на учење да се стекнеш со вештини кои се клучни за работењето на терен.
Стручното образование обезбедува брзо и квалитетно вработување по завршување на образованието, а за компаниите квалитетен и обучен кадар со кој ќе ја подигнат продуктивноста.
СРЕДНО ОПШТИНСКО УЧИЛИШТЕ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“
Во прва година ќе се запишат 254 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик според наставни планови и програми за:
Земјоделско-ветеринарна струка – 93 ученици, 3 паралелки
-агротехничар / техничар за агроменаџмент – ДУАЛНА ПАРАЛЕЛКА *(соработка со компанија Тутунска Комбинат АД Прилеп, АГРОИНВЕСТ ДООЕЛ Прилеп, Институт за тутун Прилеп)
– техничар по ветеринарна медицина
– техничар за фитомедицина
Градежно-геодетска струка – 34 ученици, 1 паралелка
– геодетски техничар/ градежен техничар/ архитектонски техничар
Хемиско-технолошка струка – 59 ученици, 2 паралелки
– прехранбен техничар – ДУАЛНА ПАРАЛЕЛКА *(соработка со компаниите Млекара Мики, Дониа Дооел, Стара Фурна Дооел)
– техничар за заштита на животната средина / хемиски лабораториски техничар
Лични услуги – 34 ученици, 1 паралелка
– техничар за очна оптика
Здравствена струка – 34 ученици, 1 паралелка
– медицински лабораторискo санитарен техничар