ЕУ денес испраќа 80 милиони евра помош за Македонија


Европската Комисија најави дека денеска ќе бидат испратени дел од ветените суми макроекономска помош за Македонија, како и за Косово, Црна Гора и Тунис, јави дописничката на МИА од Брисел.

Од трите милијарди евра макроекономска асистенција предвидена за земјите од соседството на ЕУ, Европската Комисија денеска испраќа 80 милиони за Македонија, 50 милиони за Косово, 30 милиони за Црна Гора, како и 300 милиони за Тунис.

Еврокомесарот за економија, Паоло Џентилони, ја поздрави веста како „конкретен чекор напред“ во борбата против Ковид-19 и неговите последици и вети дека ЕУ останува посветена да им помага на своите соседи во овие тешки времиња.

За Македонија ова е втората и последна транша од предвидените 160 милиони евра макроекономска помош.

Европската Комисија информираше дека земјата ги исполнила условите за ослободување на последната транша, овие услови вклучуваат зајакнување на фискалното владеење и транспарентност, борбата против корупцијата, подобрување на супервизијата во финансискиот сектор како и на бизнис климата и справување со невработеноста на младите.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи