Премиерот Зоран Заев во синоќешното интервју за ТВ Клан откри дека германската компанија ВПД (WPD) доставила документ за стратешка инвестиција за изградба за ветерен парк на потегот Куманово – Старо Нагоричане – Крива Паланка од 400 мегавати, што според претседателот на Владата, вложувањето би изнесувало 500 милиони евра.
„Следен проект е германската инвестиција за 400 мегавати ветерна електрана во вредност од 500 милиони евра, инвестиција согласно законот за стратешки инвестиции. Инвеститорот го достави целиот пакет на документација во Владата и веќе завршуваат финалните преговори. Позитивно е тоа што овде немаме обврска ниту за фидинг тарифи, ниту за премиуми. Се работи за инвеститор кој има веќе 5.000 мегавати изградено од кои што овде на Балканот се 500 мега-вати ветеренци. Ќе направиме се да постигнеме договор и да влеземе во Парламентот со Законот за стратешки инвестиции“, рече премиерот на прес-конференцијата во саботата.