Петкоски: Дали Општина Прилеп покажува „пркос“ на министерката Царовска и Владата

Почитувани, наместо локалната власт предводена од СДС и градоначалникот Илија Јованоски, да промовира во јавноста реализирани проекти, тие продолжуваат со препознатлива ароганција, во обид да го прикријат нивното неработење. Истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

„Впрочем и не се очекува нешто друго! Пред само неколку дена на прес конференција поставивме јавно прашања во врска со блок дотациите од интерес за граѓаните на Општина Прилеп, на кои не добивме конкретен одговор.

Денес прашувамe:

Дали со усвојување на предлог одлуката за префрлање на вишокот на средства од сметката за блок дотации, на сметката на основниот буџет на Општина Прилеп, локалната власт го игнорира писмото на министерката за образование Mила Царовска од 19.05.2021 година со кое бара наменските и блок дотациите да се користат наменски за тоа што се наменети, и да не се пренаменуваат за други цели? Дали можеби со ваквиот начин на работа локалната самоуправа им покажува „пркос“ на Министерката и Владата?

Доколку е тоа така, го повикуваме градоначалникот Илија Јованоски, наместо да ги пренесува тезите од Мила Царовска, на средба со родителите и наставниците, да им каже отворено, која штета ќе ја предизвика дигитализацијата и новиот образовен концепт.

Накрај, би им порачале на локалната власт на чело со СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски: Познавањето на законските прописи е потреба на која треба Вие да посветите поголемо внимание Затоа што непознавањето нема да го спаси никого од кривична одговорност, а одговорност секако ќе има. Првата одговорност – онаа политичката, ќе следи за брзо време. А потоа ќе следи и кривичната одговорност – секому според заслугите“, додаде Петкоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи