Синдикатот на УКИМ со ултиматум до Собранието: Колективни преговори или штрајк


Синдикатот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје најавува штрајк, во отворено писмо до Собранието на Македонија, како основач на оваа институција.

Во писмото, кое датира од 27 мај, од Сојузот на синдикати на УКИМ наведуваат дека ќе излезат на штрајк ако во рок од 7 дена не добијат писмен одговор од парламентот за почнување колективни преговори.

„Доколку во рок од седум дена не добиеме писмен одговор за отпочнување колективни преговори, ќе бидеме принудени преку штрајк да бараме остварување на нашите права, загарантирани со Устав и закон“, стои во отвореното писмо.

Од Сојузот на синдикати на УКИМ посочуваат и дека лани на 11ти ноември поднеле барање до Собранието за почнување колективни преговори и потпишување колективен договор, но како што се наведува, до денеска Синдикатот не добил никаков одговор од Собранието.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи