Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.108 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19 од:
Скопје – 15, Куманово – 5, Прилеп – 3, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Охрид и Кичево – по 2, Битола, Струмица, Неготино и Радовиш – по 1.
Регистрирани се 90 оздравени пациент од:
Скопје – 50, Куманово – 8, Велес – 5, Тетово, Струмица, Кочани и Кратово – по 3, Битола, Гостивар, Кичево, Гевгелија и Неготино – по 2, Струга, Берово, Демир Хисар, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
Пријавени се вкупно 10 починати лица: 3 лица од Скопје (70г, 65г, 56г), 2 лица од Куманово (69г и 57г) и по едно лице од Тетово (68г), Велес (80г), Кочани (71г), Дебар (57г) и Крушево (67г). Сите 10 лица се починати во болнички услови.
Направени се 3.108 тестови преку: ИЈЗ-387, ЦЈЗ Скопје-52, ЦЈЗ Битола-77, ЦЈЗ Прилеп-49, ЦЈЗ Тетово–32, ЦЈЗ Куманово – 0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–5, ГОБ 8-ми Септември-11, Институт за микробиологија–84, МАНУ-105, Жан Митрев (Филип Втори)-147, Авицена-222, Биотек-415, Систина-144, лабораторија Лаор-253, Синлаб-41, Ремедика-28, Плодност–59, Генеа–30, Никоб лаб-36, ВФВ Медикал-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 927.
Досега во земјата се направени вкупно 799.265 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.304, бројката на оздравени пациенти е 148.798, на починати е 5.423, а бројот на активни случаи изнесува 1.083.