Нов вид на „чоколадна жаба“ откриен во Нова Гвинеја

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


Тим австралиски научници открија „чоколадна жаба“ во ниските делови на дождовната шума на Нова Гвинеја. Станува збор за вид што, за разлика од оние кои претпочитаат копнени живеалишта, живее на дрвја и е познат по својата зелена боја на кожа, но овој беше наречен „чоколаден“ поради специфичната кафеава боја.

Најсличен познат роднина на овој вид жаби (Litoria mira) е австралиската зелена жаба.

„Двата вида изгледаат многу слично, но едниот е зелен, а овој новооткриен вид е чоколаден“, рече Пол Оливер од Центарот за глобално здравје и безбедност на храна, кој го опиша откритието во коавторски труд објавен во Australian Journal of Zoology.

Стив Ричардс од Музејот на Јужна Австралија истакна дека е тешко за научниците да го проучуваат овој вид водоземци, бидејќи живее во многу топли, мочурливи области каде што живеат и крокодили.

„Бидејќи жабите живеат во жешки, мочурливи области со многу крокодили, сите овие работи го обесхрабруваат истражувањето“, вели Стив Ричардс од Јужноавстралискиот музеј.

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Нови атрактивни профили за учебната 2021/2022 во СОУ „Ристе Ристески-Ричко“

Play Video

Профили за уписи во I ( прва ) година во СОУ „Орде Чопела“ - Прилеп

Play Video