Веќе подолго време владее пандемијата наречена Ковид 19 – Корона. Скоро сите работи беа застанати, прекинати, невозможни. Но, сепак некои нешта не можат да бидат стопирани, напротив, се распламтуваат во ова време – невреме.
Кога двајца вљубени сакаат својата љубов да ја качат на поголемо ниво, се наоѓа интересен и креативен начин за тоа, се разбира, со помош на пријателите.
Сиот тој чин е видно набљудуван под „камера“. Настанува и вистинска збрка околу дознавањето на чинот во семејството, па настапуваат со сила, закани, брза помош и на крај, со музика.
Сè се средува кога ќе чукне веселиот тапан.
Сценариото е на Филип Стојаноски, под менторство на професорката Билјана Тинтоска.
Улогите ги толкуваат:
Филип Стојаноски;
Лидија Макалоска;
Леонид Момироски;
Василиј Пенков;
Марија Недеска;
Сања Дамеска;
Теона Крстеска;
Бојан Гиноски;
Ирина Јованоска;
Фросина Трајкоска;
Фросина Конеска;
Фросина Петреска;
Вања Младеновски;
Христијан Паноски и
Илија Кулески.