Виз ер повторно лета од Македонија до 7 дестинации во 4 европски држави


Нискобуџетната авиокомпанија Виз ер вчера објави  дека постепено се отвораат седум линии до четири дестинации од двата македонски аеродрома. Првиот од обновените летови беше на 23 мај.

Обновените рути се до Франција, Германија, Австрија и Шведска, потично Базел-Мулхаус-Фрајбург, Виена, Карлсруе/ Баден-Баден, Париз Бове,Фридрихшафен, Дортмунд, и Малме

„Среќни сме што повторно се отвораат седум рути од Македонија, нудејќи повеќе дестинации, за различни потреби на патниците, било да се тоа деловни или за рекреативни патувања. Со бројните услуги што повторно се отвораат низ цела Европа, Виз ер  ја докажува својата посветеност, на македонските патници да им понуди безбедно и незаборавно патување низ цела Европа и пошироко, со нашата модерна флота и во друштво на нашиот високо квалификуван екипаж“, вели во пишана изјава Андрас Радо, менаџер за корпоративни комуникации во Виз Ер.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи