За првото тромесечјеи од 2021, исплатите треба да се извршат во текот на месец мај, како што беше изминатава година и пол откако е воведена мерката.
Но, сега граѓани кои имаат уредно пријавени податоци и досега редовно добивале поврат на пари, немаат исплата.
Од Управата за јавни приходи велат дека правеле технички пролагодувања за да имаат поголема контрола на исплатите и затоа дел од граѓаните немаат добиено пари. Во следните денови ќе се исплатат средствата кај преостанатите граѓани кај кои сѐ уште не е реализирана исплатата.
„Сѐ уште нереализираната исплата кај овие граѓани се должи на несредените податоци, односно погрешна или згасната трансакциска сметка, како и поради технички прилагодувања кои беа правени со цел да обезбедат поголема контрола при исплатите. Исплата не се извршила и кај дел од граѓаните кои имаат точни податоци, бидејќи биле содржани во налог за исплата каде се наоѓале и граѓани со погрешни трансакциски сметки“, велат од Управата за јавни приходи.