До 1 септември 1 час паркинг во центарот на Охрид ќе ве чини 100 денари

Facebook
Twitter
Email
Print


Согласно одлуката на Советот на Општина Охрид за утврдување на цени за користење на паркинг-просторот во летниот период, ЈП „Билјанини ивори“ започна со наплата на паркирањето според сезонска тарифа на јавните паркиралишта во градот.

Сезонската тарифа предвидува поскапо паркирање, а цената за паркирање на јавните паркиралишта во зона А ќе изнесува 40, во зона Б – 30 денари, додека паркингот во т.н. „премиум-зона” во строгиот центар на градот чини 100 денари за час.

Сезонската тарифа на паркирањето трае до 1 септември.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи