На сметка од 1.000 поскапување од 50 денари, бараат трите енергетски компании


Ќе има нова цена на електричната енергија, барање за цени доставија и од МЕПСО, и ЕСМ, и МЕМО и ЕВН хоум, потврди претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски во „Студио 10“ на ТВ24.

„Ќе има нова цена на електричната енергија, барање за цени доставија и од МЕПСО, и ЕСМ, и МЕМО и ЕВН хоум. Не можеме сега да кажеме дали ќе има поскапување на цената на електричната енергија, но кон крајот на наредната недела ќе го знаеме тој дел што го регулираме, колку ќе биде тарифата за пренос, тарифата за дистрибуција, и колку ќе биде за операторот на пазарот, а во зависност од цената што ќе ја понуди ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ), Регулаторна трошокот ќе го преслика“, изјави Бислимовски.

МЕПСО бара зголемување на својата услуга за 143%, Електродистрибуција за дистрибуција бара зголемување за 0.95 %, а МЕМО бара зголемување на својата услуга за 45%. Според нивните барања, на сметка од 1.000 денари, сметката ќе се зголеми за 50 денари.

Сепак, според Бислимовски, нивните барања во целост нема да бидат прифатени.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи