Почна изградбата на пловечкиот вселенски аеродром на Илон Маск


Илон Маск објави дека веќе е во тек изградбата на неговиот вселенски аеродром и дека треба да биде подготвен за лансирање идната година. Маск минатата година ја најави изградбата на пловечки вселенски аеродроми од кои нивните летала ќе тргнуваат на пат до Месечината, но и до Марс.

Оттогаш немаше многу информации за нивната изградба, но SpaceX постојано ги тестираше своите вселенски летала од новите генерации Starship, со кои планираат вда го освојат Марс. Веќе идната година Starship треба да почне с своите вселенски патувања и наместо од Бока Чика во Тексас, на вселенските патувања ќе може да полетува од вселенските аеродроми сместени на море.

Со својот коментар на Твитер вчера го потврди Илон Маск и додаде дека океанскиот вселенски аеродром Deimos е во изградба и дека ќе биде спремен за лансирања идната година. Фотографијата објавена на Твитер прикажува морска платфрома на која е сместена лансирна рампа и ракета Starship подготвена за полетување. Како ќе изгледа Deimos уште не е познато, но првите нацрти или фотографии веројатно ќе ги видиме на профилот на Маск.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи