Доктор Пановски: Рано е за вакцинирање деца против ковид-19


Во однос на најавите дека можно е да почне вакцинација на децата од 12 до 16 години д-р Никола Пановски вели дека тие лесно го поминуваат ковидот и не треба да се вакцинираат.

„Далеку сме од вакцинација на децата, кога ни половина од населението над 70 години кај нас не е вакцинирано. Опасноста од смртен исход е илјада пати поголема кај оние над 70 години. Ако се вакцинираат над 90 % од тие над 20 години, тогаш може да се понуди и на децата. Јас лично не би ги вакцинирал децата. Тие лесно поминуваат ковид, полесно и од грип, а против грип не сме ни помислиле да ги вакцинираме“, вели Пановски.

Министерот за здравство Венко Филипче пред неколку дена најави дека во текот на следните месеци ќе се прават анализи за можно вакцинирање на децата од 12 до 16 години во Македонија. Целта е да се изработат протоколи со кои ќе се овозможи децата да се вратат на физичка настава во училиштата од 1 септември.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи