Крушево останува на трета позиција по транспарентност во Пелагониски регион


Денес, 3 јуни 2021 година, Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, изработено во март 2021 година, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.

Според истражувањето, некогаш лидер меѓу регионите, а во последните две години на второто место, Пелагонискиот Регион во 2021 година падна на третата позиција според активната транспарентност.

Во однос на лани, регионот забележа минимално подобрување од само 1 процентен поен. Како и да е, регионот спаѓа во ’добра‘ активна транспарентност, со просечно исполнување на обврските над 60 %.

Крушево и годинава е на третата позиција, исто како и лани, со резултат од 70 % активна транспарентност и спаѓа во „добра“ активна транспарентност.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи