Во склоп на „Стани планинар 2021“ од страна на Федерацијата за планинарство на Македонија и Планинарското друштво Козјак од Прилеп, во недела се организира настан во околината на село Плетвар, каде што ќе се промовира планинарењето како спорт, но и како активност воопшто.
Ќе се организираат:
-Традиционално искачување на Козјак
-Рекреативна патека околу с. Плетвар
-Качување на карпа со појас и јаже
Со тоа ќе бидат опфатени искусните планинари, оние кои што сакаат да научат повеќе за планинарењето и прошетките во природа, но и оние кои што сакаат да пробаат нешто ново.
Настанот ќе биде организиран според сите протоколи за заштита од корона вирусот од страна на Влада на РСМ и протоколите за организација на планинарски акции од страна на медицинската комисија на ФПСМ и младинската комисија.
Повеќе за настанот ќе може да прочитате ТУКА.