Филипче: 500 илјади „Синовак“ вакцини се очекуваат во следните 7 дена


Во следните 7 дена можеме да очекуваме да стигна нарачаната количина од 500 илјади дози на вакцина „Синовак“, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Утрово стигна таа информација за вакцината „Синовак“. Добра вест е дека тоа што е одделено како количина за нашата земја е во спакувани кутии со шприцеви, што го олеснува процесот за имунизација. Оставам резерва тоа да се промени, гледате со што се соочуваме, но верувам дека оваа најава ќе се оствари “, кажа Филипче на промоцијата на реконструиран оддел на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, во вредност од 60 милиони денари.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 241.368 граѓани, а на веб страната vakcinacija.mk пријавени се 437.339 граѓани.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи