Aнализа на порталот Pari.com.mk во соработка со платформата biznismreza.mk покажува колку заработиле приватните болници во корона пандемијата. Аџибадем Систина остварила вкупен приход од 41 милион евра.
Податоците од biznismreza.mk покажуваат дека клиниката Жан Митрев има пониски приходи, во однос на Аџибадем Систина, но остварената добивка е повисока. Во 2020 година клиниката Жан Митрев евидентира добивка во износ од 8.1 милиони ЕУР, што е за 2.2 милиони ЕУР повисока добивка од Аџибадем Систина која остварила профит од 5,9 милиони евра.
Клиниката Жан Митрев во 2020 година успеале да ја дуплираат добивката од 2019 година. За разлика од нив, Аџибадем Систина евидентира осцилации во вкупната добивка, а во 2020 остварува пораст од 2.7 милиони ЕУР.
Заедно овие две компании за време на Ковид-19 ги зголемија своите биланси за неверојатни 14 милиони ЕУР.
Од аспект на број на вработени, платформата biznismreza.mk пронајде дека клиниката на Жан Митрев има три пати помалку вработени од Аџибадем Систина.