Oд денес стартува директната авиолинија Скопје – Москва, а првиот лет на руската авиокомпанија „Нордвинд” од Москва во Скопје треба да пристигне денес во 17 часот и 10 минути. Со неа практично, по 20 години пауза повторно се отвора воздушната врска меѓу двете земји.
Новата редовна директна авиолинија меѓу Москва и Скопје, според најавите на „Нордвинд“, требаше да се одвива еднаш неделно, секој петок попладне со време на поаѓање од Меѓународниот аеродром „Шереметјево“ во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути.
Воспоставувањето на директната линија Скопје – Москва првично беше најавено за 21 мај 2021, но „Нордвинд“ го одложи поради, како што соопшти, епидемиолошката состојба.