Заев негира дека изненадувањето од Ахмети е заеднички кандидат за градоначалник на Скопје


Премиерот Зоран Заев негира дека изненадувањето кое беше најавено од Али Ахмети има врска со заеднички кандидат албанец за градоначалник на Скопје.

„Не се работи за тоа, се работи за нешто кое што претставува модернизација на нашиот коалиционен партнер и нормално е за деталите да зборуваат тие а секако и во духот на тоа што го работиме и како Влада. Ќе ги видите деталите, како што ги презентиравме нашите промени, како најголем партнер на нашата коалиција кои се правеа со еlктронската евиденција со непосредното гласање, еднаквата застапеност на мажите и жените, поголема застапеност и на младите во партијата, така и ДУИ ме информираа за ова квалитативна и убава промена“, истакна Заев.

ДУИ вчера најавија дека лидерот на партијата Али Ахмети утре на 5 јуни по повод 19 годишнина од основањето на партијата ќе соопшти изненадување.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи