Музичарите на протест пред Влада денеска на пладне


Денеска на пладне музичарите излегуваат на протест пред Владата, во знак на револт од новите правила за работа на угостителските објекти.

Тие не се согласуваат со одлуката жива музика да смее да има само на свадби, а не и во кафулиња и други локали. Бараат да се укине ваквата мерка, бидејќи како што велат се дискриминирани оние музичари кои не свират свадби, а освен музичарите, погодени се и диџеите.

Од Независната угостителска комора (НУК) бараат укинување на точките од протоколите со кои во угостителските објекти за исхрана и кафетерии е забрането организирање на музички настани со настап на музички уметници во отворен и затворен дел од објектот (пејачи, музички групи, диџеи) и се ограничува максималното ниво на бучава во објектите на 55 децибели.

„Наместо Владата побрзо да излезе во пресрет на укажувањата за недоследноста на промената на постојните протоколи за работа на угостителските објекти и новите протоколи за организирање на свадби, прослави и веселби ги доведува угостителите и организаторите на своите прослави во ситуација на постоење протоколи и понатаму да не можат да организираат свадби, прослави и веселби“, се вели во соопштението од НУК.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи