„РЕЛАЦИИ“ е изложбата од уметникот Игор Таневски што е поставена од денес напладне во ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. Гостин во проектот е Филип Ивановски Пепе.
Инсталацијата „Релации“реферира на човековиот однос кон природата и кон животот, воопшто во време на изолација, сепарација и време на карантин каде што запираме на определено време со своите рутински постапки. Инсталацијата се состои од дигитален отпечаток на интервенција во простор, објекти од транспарентна боена пластика или Неколку модели на кооперацијаи полиптих од Филип Ивановски Пепе, гостин во проектот кој ги претставува Приказните од нашето секојдневие, изгубената контрола и вредоности во објектите Изгубени работи.
Авторот Игор Таневски вели дека преку експериментирањето со различни технологии и техники при реализирањето на делата се прашува и интересира за прашањата, врзани со елементите, водата, просторната перцепција, како човештвото делува во сегашноста и каква иднина создаваме и, накрај, каков сушност се менува светот…
„Какви релации воспоставуваме едни со други, со природата, во животот, воопшто, секаде во време на паметни технологии и интернет, како пред одредени неопходности… Со визуелно и ликовно истражување во полето на инсталацијата, објектот, сликарството и дигитално обработените видео-фрејмови, уметноста ја доживувам како отворен систем кој константно го шири нашиот спектар за восприемање искуства“, вели тој.
М-р Игор Таневски дипломирал на ФЛУ во Скопје. Реализирал неколку самостојни изложби, а добитник е на неколку награди, меѓу кои во 2018 на наградата „Борко Лазески“од ФЛУ Скопје.