Жителите на прилепското село Селце до редакцијата на Инфо Компас попладнево доставија фотографии од селскиот парк кој изгледа навистина ужасно. Детските реквизити за играње се комплетно обраснати со трева, а паркот е запоставен. Жителите се пожалија дека подолг период наназад никој не се грижел за паркот и дека им е страв да ги пуштат таму да си играат нивните деца. Бараат итна реакција на надлежните институции и уредување на ова единствено место за одмор и рекреација во нивното село.