Драги Рашковски, поранешен Генерален секретар на Владата, нуди половина милион евра гаранција за да излезе од притвор, објави 360 степени.
Вишото јавно обвинителство дало позитивно мислење Рашковски да ја напушти Шутка, а конечна одлука треба да донесе Апелациониот суд.
„Вишото јавно обвинителство Скопје, по предметот оформен по поднесена жалба на обвинетиот Д.Р. со понудена гаранција, до Апелациониот суд Скопје согласно законските надлежности достави писмен предлог со кој му се предлага на Судот да ја уважи жалбата на обвинетиот, да ја прифати понудената гаранција во висина од 30.686.215.00 денари и да ја замени мерката притвор со понудената гаранција“, изјавиле од ЈОРМ за „360 степени“.
Рашковски зад решетки од 21 – ви април. Осомничен е за набавка на софтвери деодека беше генерален секретар на Владата, а според обвинителството за организиран криминал и корупција, преку јавните набаки кои тој ги спровел направена е штета врз буџетот од околу 180 илјади евра.