Музичарите побараа укинување на забраната за настапи во угостителски објекти


Незадоволни од последното олабавување на ковид-мерките, со кои е дозволена жива музика само на свадби, музичарите денеска излегоа на протест пред Владата барајќи да се дозволат и секојдневните настапи во угостителските објекти.

Не можејќи да го разберат таквиот однос на државата кон нив, музичарите велат дека ова што им се случува е класична дискриминација.

 „Дојде време да нè пуштат да си ја работиме работата. Без причина сме дискриминирани по различни основи. Исполнети се условите да си ја вршиме нашата дејност. Сè додека пред нас не се приложат аргументи зошто не смееме да работиме, ние ќе продолжиме да протестираме. Никој од нас не сака да биде тука, но ситуацијата нè принудува на тоа. Оваа последна мерка со која се дозволени свадби, а други настани не се дозволени, за нас е крајно дискриминирачка“, изјави Трајко Симоновски, претседател на Здружението на музичари „Музика – Сега“, кое беше организатор на протестот.

На протестот се пушташе музика како за погреб и имаше минута молчење во чест на музиката.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи