Филипче: Ревакцинација во Врање или Ниш за Македонците кои се вакцинираа во Србија


Македонците кои се вакцинираа со „АстраЗенека“ во Србија и ја примија само првата доза, ревакцинација ќе може да направат повторно во Србија.

Министерството за здравство е во преговори со српското министерство за здравство ревакцинацијата да се врши на пункт кој ќе биде блиску до границата со Србија, односно Врање или Ниш, со што би им се олеснило на македонските граѓани.

„Со министерот Лончар утрово разговаравме дали може да се организира некој пункт поблиску до нашата земја за ревакцинацијата на нашите граѓани во Србија. Има расположение и наредните денови ќе информираме што точно е договорено, размислувањата се да биде во нивните пунктови во Врање или Ниш“, рече Филипче.

Во Србија пред три месеци вакцина за заштита од Ковид – 19 примија околу 15.000 Македонци, а најголемиот број од нив беа вакцинирани со вакцината на „АстраЗенека“ која кај нас е забранета за лица помлади од 60 години.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи