Над 100 свадби биле организирани првиот викенд од јуни откако Владата дозволи да се организираат прослави под посебни протоколи по пауза од 14 месеци, информираат од Независната угостителска комора (НУК).
НУК наведува дека се одржуваат свадби и други веселби и прослави низ Македонија наспроти многуте нелогичности и пропусти во новите протоколи.
НУК формираше и сопствен регистар за свадби, прослави и веселби кој го става на располагање на сите угостители, како и државни институции, комори и здруженија, за да можат да се исполнат барањата во точка 7 од протоколите за организирање на вакви настани.