Од утре започнува аплицирањето за субвенции за вградување на еко-уреди во возилата


Министерството за економија утре ќе го објави повикот за субвенционирање на дел од трошоците за купување и вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата.

Државата ќе субвенционира 50 проценти од трошоците за вградување на ваков уред во возилата, но не повеќе од 18 илјади денари или 300 евра по возило. За оваа цел, од Буџетот на Министерството за економија се одвоени 11 милиони денари.

„За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму треба да извршат купување и вградување уред за погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата, по денот на објавувањето на јавниот повик во некои од фирмите кои вршат продажба и вградување на таквите уреди. Со така преправеното возило сопственикот треба да се упати во техничка служба која ќе ја констатира преправката и сопственикот ќе биде упатен во МВР каде треба да се пријави преправката, изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

Огласот ќе трае 60 дена по принципот „прв дојден, прв услужен“. Ќе се субвеницонира само едно возило на едно семејство.

Ова мерка, како што информира министерот Бектеши се реализраше во 2019 година кога над 730 граѓани добија субвенции за вградување на плински уред. Лани мерката беше прекината поради ковид кризата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи