Покрај во Врање, без закажување Македонците може да се вакцинираат и во Ниш и Нови Сад


Од денес граѓаните на Македонија можат да се вакцинираат на главниот пункт за вакцинација во Врање, во Спортската сала, без претходно закажување и претходно подготвени списоци.

Од ПР службата на Здравствениот дом во Врање соопштија дека досега во овој град со првата доза се вакцинирани 2.032 граѓани на Македонија, а само викендов се вакцинирале 927 граѓани на Република Македонија.

Покрај во Врање, од денес без претходно закажување и покана од е-Управа македонските граѓани ќе може да се вакцинираат и градовите Ниш и Нови Сад.

Достапни се вакцините на Синофарм, АстраЗенека и Фајзер, додека „Спутник В“ се дава само на граѓаните кои добиле покана од е- Управа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи