На 05.06.2021 во 13.50 часот на ул.„Дебарца“ во Прилеп, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода А.Р.(20) од Прилеп затоа што претходно во маркет во нас. Тризла се обидел да пушти во промет фалсификувана банкнота од 200 евра. При преглед кај него била пронајдена и одземена банкнотата.
По целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.