Министерот за здравство Венко Филипче предлага моменталните мерки кои се на сила во борба против пандемијата со корона да останат на важност до 15 јуни. Според Филипче, тоа е така со цел да се спречат групирањата во доцните часови.
Епидемиолошката состојба во државата е стабилна, бројот на активни случаи се намалува, а драстично е намален и бројот на хоспитализирани пациенти во ковид центрите на територијата на цела држава.
Филипче пред неколку дена кажа дека доколку вирусот остане со намалена преносливост можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки.
„Комисијата за заразни болести ќе има состанок пред 15 јуни до кога важат актуелните мерки. Доколку епидемиолошката слика е ваква како што е сега, по долго време немаме прием на пациент во инфективните оделенија, можно е да дојде до промена на рестриктивните мерки“, рече Филипче.
Инаку денес има само еден нов случај на позитивен со ковид 19 во Македонија.