Никогаш не е доцна да ја добиете дипломата за средно училиште, како што докажа една жена од Алабама во средата кога дипломираше од средно училиште во округот Медисон на 94-годишна возраст.
Грејс Смит го напуштила училиштето кога имала 16 години, во 1942 година, кога нејзиниот сопруг отишол да се бори и сега решилa да ги заврши.
„Јас сум многу благодарна. Ви благодарам многу. Подобро е доцна отколку никогаш, нели “, изјавила Смит.
Смит ја добила дипломата во просторија полна со нејзините најблиски, вклучувајќи ги и нејзините 26 правнуци.
Откако Смит го напуштила средното училиште, таа продолжила да работи како возач на автобус во округот Медисон и тоа го правела 30 години.
„Иако таа самата не завршила училиште, нас ни велеше дека мора да завршиме школо, бидејќи тоа е важно“, вели една од нејзините внуки.