Недела неработен ден од 1 октомври, законот поднесен до Собранието


Премиерот Зоран Заев на прес конференција информираше дека Владата го утврди текстот на измените и надополнувањата на Законите за работни односи и Законот за трговски друштва со кои недела се прогласува за ден за неделен одмор и овие законски измени ќе бидат ипратени на усвојување во Собранието.

„Тоа е ветување што Владата го стави како приоритет во својата програма и откако ги завршиме сите консултации во еден исклучиелно инклузивен процес го утврдивме усогласеното законско решение. Примената на оваа одлука ја проектираме да започне на 1. Октомври“, рече премиерот Заев.

„Вработените во секторите кај кои не е можен прекин на техничко-технолошкиот процес, ќе добиваат дневница, повисока за најмалку 50% од редовната и слободен ден во наредните седум дена,“ изјаву министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Заев најави дека предлог-измените веднаш ќе бидат доставени до собраниска процедура. Целта е, како што рече, да се постигне рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот дел од животот на работниците.

Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека Владата, паралелно, донесе и измени на Законот за трговија, кои се услогласуваат со измените во Законот за работни односи за недела – неработен ден. Тој рече дека исклучок од неработењето в недела се продавници и штандови за продажба на сладолед, колачи, весници, апетисани… во туристички центри, продавници во трговските центри, кои може да работат само една смена – од 10 до 18 часот, штандови за време на саеми и други настани, продавници за трговија на мало каде што трговијата ја врши сопственикот.

Бектеши рече дека додатокот за работа во недела и за празници треба да изнесува најмалку 100 отсто од дневницата за секој час поминат на работа.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи