Од Центарот за јавно здравје информираат дека изминатата седмица, во периодот од 31 мај до 6 јуни 2021 година, во општина Прилеп имало 10 нови случаи на Ковид-19, a од последици на коронавирусот починале две лица.
Бројот на активни случаи со КОВИД-19 изнесува 32. Во болнички услови се лекуваат 4 лица, од кои двајца се на кислородна поддршка, додека на домашно лекување се наоѓаат 28 лица.
Вкупниот број на заразени од Ковид-19 изнесува 8.311, од почетокот на пандемијата од коронавирус починалe 426 лицa.