Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), индексот на трошоците на животот во мај 2021 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.7, а индексот на цените на мало изнесува 100.6.
Индексот на трошоците на животот во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи зголемување од 3.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 %.
Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 9.1 %, свежото и разладеното овошје за 4.1 %, маслото и маснотиите за 2.1 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.4 % и месото за 0.3 %.
Во мај, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај течните горива за домаќинствата за 12.4 %, парамедицинските услуги за 5.5 %, обувките за 3.3 %, информатичката опрема за обработка на податоците за 2.8 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 1.6 %, медиумите за снимање за 0.8 %, опремата за спорт, кампирање и рекреација на отворено за 0.6 %, медицинските услуги, стоматолошките услуги за 0.5 %, материјалите за одржување и поправки за живеалиштето, градините, растенијата и цвеќињата за 0.4 %, фризерските салони и центрите за разубавување за 0.3 %, малите алатки и останатите додатоци, фармацевтските производи, другите медицински производи, патниот патнички транспорт, накитот, часовниците и рачните часовници за 0.2 %.
Намалување на индексите на трошоците на животот во мај 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.3 %.
Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај гасот за домаќинствата за 3.0 %, моторните возила за 1.5 %, велосипедите за 0.5 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 0.4 %, книгите за 0.3 %.
Индексот на трошоците на животот во мај 2021 година, во однос на мај 2020 година, бележи зголемување од 3.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.9 %.
Извор: ДЗС