Малолетен велосипедист од Ропотово повреден во сообраќајна несреќа


На 08.06.2021 во 17.30 часот било пријавено дека на ул.„Душан Цветаноски“во с.Ропотово, патничко моторно возило „цитроен берлинго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Р.(40) од с.Ропотово удрило во велосипед, управуван од малолетник од с.Ропотово.

Во незгодата малолетникот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската болница Прилеп.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи