Матурантите денеска го полагаат вториот екстерен испит


Учениците од завршните години во средните училишта денес го полагаа вториот екстерен испит во рамки на државната матура. Тие имаа можност да изберат помеѓу предметите математика, странски јазик, филозофија и естетика. За разлика од наставата на далечина која беше спроведена во текот на целата учебна година, овој испит се полага со физичко присуство на учениците, според ковид-протоколи.

Според податоците на Државниот испитен центар, најголем интерес меѓу матурантите има за полагање странски јазик, при што најголем дел се определиле за англискиот – 13.452.

Германски ќе полагаат 140, француски 32, а руски 18 ученици.

Тест по математика, пак, избрале 1.529 кандидати.

Резултатите од двата екстерни испита ќе бидат објавени во јули, најдоцна 30 дена од денот на полагањето на вториот екстерен испит.

За матурантите кои се пријавени да полагаат, но во моментов се спречени поради тоа што се позитивни на корона вирус или се во изолација, предвидени се дополнителни термини на 25 и 28 јуни.

Оние ученици кои нема да ја положат државната матура во јуни, имаат втора можност за полагање во август, односно термините се 11 август за првиот екстерен и 13 август за вториот екстерен испит.

Годинава за полагање на државна матура се пријавиле над 15.000 кандидати.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи