На 10.06.2021 во 12.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Прилеп го лишиле од слобода С.С.(20) од Прилеп.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и нож со остатоци од бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.