Од СВР Битола известуваат дека во текот на вчерашниот ден 10.06.2021 на подрачјето на СВР Битола била спроведена засилена контрола во областа на сообраќајот и притоа биле констатирани бројни прекршоци.
Имено, 30 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената, 12 возачи управувале возило без возачка дозвола, тројца возачи разговарале на мобилен телефон и четири возила биле со измината регистрација.
За сите неправилности се издадени соодветни поднесоци.