Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на „vakcinacija.mk“, бидејќи според нивните соопштенија тоа е најлесниот и најбрз пат да се пријаваат за вакцинирање.
Теренските анализи во изминатиот период, покажуваат дека граѓаните имаат потреба од дигитална поддршка за обезбедување термин за вакцинација, како и дополнителни вистинити информации преку кои би се ослободиле од лажните вести поврзани со вакцинацијата кои постојано се шират во јавност.
Со оглед на фактот што во Прилеп и околните рурални места живеат голем број граѓани кои со соочуваат со различни економски, социјални и географски бариери, како и поради фактот што постојат голем број дигитално неписмени луѓе, вестите и соопштенијата кои Министерство за здравство ги објавува во врска со вакцинацијата за заштита од КОВИД-19, не често можат да допраат до поширокатапопулација која е оневозможена да се информира, да се пријави и да се вакцинира.
Состојбата на терен покажува дека еслаб одзивот на заинтересирани и пријавени граѓани, со тоа што вакциналниот статус на маргинализираните граѓани е многу низок, што не кореспондира со соопштенијата на Министерството за здравство. Па затоа се прашуваме, дали во бројот на вакцинирани граѓани против КОВИД-19, кој надмина 240.000 и во бројот на лица од 437.339 граѓани кои изразиле желба за вакцинација преку веб-платформата „vakcinacija.mk“, колку од нив се маргинализирани граѓани?
Нискиот опфат на оваа категорија на граѓани со вакцинација, го зголемува ризикот и се доведува во прашање општата здравствена состојба. Дополнително, согласно усвоените владини политики, постојат заложбида се намали морталитетот и морбидитетот предизвикан од КОВИД-19 вирусот, а состојбата со вациналниот статус на маргинализираните граѓани не се соодветствува со намерите.
За таа цел, Министерството за здравство ќе треба да се заложи повеќе и да предвиди дополнителни мерки во рамките на Националниот план за КОВИД-19, од аспект на подигнување на свесноста и спроведување на информативни активности директно насочени на терен.
Несомнено, потребно е подобрување на комуникацијата и зајакнување на довербата на граѓаните, како и обезбедувањето на услови за пласирање на директни информации и технички можности до маргинализираните граѓани, кои треба да се предвидат и спроведат од надлежните со цел населението кое се наоѓа на маргините на општеството, да биде целосно опфатено односно да има соодветен пристап со цел заштитатна здравствената состојба.
Автор : СТАНИЦА П.Е.Т. Прилеп