Гасификација на спортската сала во Крушево


Општина Крушево добива грант од 200 илјади евра за изградба на инфраструктура за гасификација на спортската сала. Овој проект значи дека спортската сала ќе се опреми и ќе биде подготвена за гасификација.

Добивањето на грантот е резултат на успешната имплементација на Проектот за локална и регионална конкурентност во вредност од пола милион евра.

„Носиме гас во спортската сала во Крушево и тоа ќе претставува прва гасификација на спортска сала на Балканот. Благодарност до Владата и Светска Банка за грантот и драго ми е што во најбрз рок започнува со имплементација на терен. Спортската сала прераснува во еден голем проект со иновации и надминати проблеми.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи