Регулаторната комисија за енергетика денес донесе одлука за ново поскапување на цената на горивата од полноќ.
Бензините поскапуваат за половина денар, додека цената на дизелот се зголемува за 1 денар.
Со тоа, малопродажната цена на Еуросупер БС 95 ќе изнесува 68,5 денари, додека цената на Еуросуспер БС 98 ќе биде 70,5 денари.
Дизелот ќе се продава за 61,5 денари од литар, додека екстра лесното масло за домаќинства за 60 денари од литар.