Полициска станица Прилеп известува дека на ден 13.06.2021 во 01.35 часот во ПС Прилеп бил лишен од слобода Д.В.(30) од Прилеп, затоа што околу 01.00 часот на ул. „Мечкин Камен“, во близина на О.У. „Гоце Делчев“ физички го нападнал Д.Д.(27) од Прилеп и му го оштетил возилото „пасат“, со прилепски регистарски ознаки.
Притоа, Д.В. пријавил дека во истиот период и на истото место бил физички нападнат од Д.З. од Прилеп.
По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.