Укинување на полицискиот час од среда, 16 јуни предлага Комисијата за заразни болести. Олабавувањето на рестриктивните мерки треба да помине на седница на Влада.
„Епидемиолошката состојба е стабилна и го дозволува ова“, вели Филипче.
Предложените мерки се однесуваат на:
- укинување на полицискиот час;
- се отстранува лимитот од 100 присутни лица на свадбите и прославите;
- дозвола за организација на настани, концерти и забави во клубовите и локалите само на отворено, со капацитет до максимум 50% од капацитетот на објектот и не повеќе од 1 000 лица.
Вчера, за првпат после 2 септември 2020, во земјава немаше нов починат од ковид-19.