Утре во Скопје пристигнуваат 20 илјади вакцини од Грција


Вакцините кои Грција ги најави за Македонија, утре наутро се очекува да пристигнат во Скопје, дознава дописничката на МИА од Атина.

Информацијата на МИА од Атина ја потврдуваат и од Скопје.

Станува збор за 20.000 дози вакцини на „АстраЗенека“.

На почетокот на јуни, портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелони одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина на редовниот брифинг со новинарите, потврди дека Грција, во координација со Европската Комисија, ќе испрати по 20.000 дози од вакцините за Македонија и Албанија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи