Несовесно младо момче безмилосно фрли куче од мост

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print


На социјалните медиуми се појави вознемирувачко видео на кое што се гледа како младо момче фрла куче од висок мост во река. Видеото е во сопственост на профилот omer_775.

Според член 233 Мачење животни од Кривичниот законик:

(1) Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

(2) Тој што со нехранење, непоење или на друг начин изложува животно подолго време на тегобна состојба, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.

Се очекува надлежните да поведат соодветна кривична пријава.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи