17 јуни 2021, четврток во 12.00 ч. ликовната галерија при ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на дела од м-р Владимир Темков.
Уметникот пред прилепчани ќе се претстави со 20 дела од циклусот „Бојата на небото и водите во Тиквешијата“.
Владимир Темков е роден во Кавадарци. Средно уметничко училиште, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности завршува во Скопје, каде и магистрира. Реализирал бројни самостојни изложби во земјата и во странство, а бил дел и од голем број на групни претставувања.