Ковид аларм: Научници развија уред кој може да го намириса корона вирусот


Научници развија уред кој може да го „намириса“ корона вирусот.

Наречен „КОВИД аларм“, уредот е резултат на работата на научниците од Лондонското училиште за хигиена и тропска медицина и универзитетот Дурхам, кои откриле дека едно лице заразено со коронавирус има специфичен мирис кој може да го детектираат сензорите.

Резултатите се одлични и покажуваат потенцијал за користење на оваа технологија за брзо, неинвазивно тестирање со неверојатна прецизност.

Во студијата која уште нема поминато рецензии се користени примероци од телесни мириси од чорапи кои ги донирале пациенти заболени од КОВИД-19, но кои имале благи или никакви симптоми и доброволци кои не биле заразени.

Сензорите во текот на тестирањето покажале исклучителна прецизност – дури до 100%. Тоа значи дека со нивната примена би се избегнало добивањето лажни позитивни или негативни резултати на тестовите. Компанијата која го произведе уредот, RoboSceintific, вели дека може да се направат две верзии од овој уред – верзија за рачна употреба и верзија која би можела да го анализира воздухот во просторија и во рок од половина час да детектира евентуално заразени луѓе.

Извор: Иновативност.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи