Кока-Кола е официјален спонзор на Европско првенство 2020 и постави две шишиња пред сите што зборуваат на прес-конференции.
Големо внимание предизвика потегот на Роналдо кога ги тргна шишињата од масата на прес конференцијата пред дуелот Португалија-Унгарија и извади шише со вода и рече „пијте вода“.
Денес, Кока-Кола со одговор до Кристијано Роналдо.
„Секој има свој омилен пијалок и различни вкусови и потреби“, велат од Кока-Кола.